ФОТО | Малер врз малер: На Николина Пишек ѝ го украле луксузниот автомобил, крадците се возеле цела вечер

2 mins read

Луксузниот автомобил во сопственост на Николина Пишек Ристовиќ бил украден вчера, но за среќа, веќе истиот ден бил и пронајден.

„Како е можно? Ако го видите, јавете ми се мене или повикајте полиција. Благодарам“, напишала првично Николина на Инстаграм.

„Беше кратко и тензично“, напишала вчера вечерта ТВ-водителката на својот профил на Инстаграм откако полицијата го пронашла и ѝ го вратила нејзиното возило ауди Q7, кое било украдено пред станот што го изнајмува во Загреб.

Според полицискиот извештај, автомобилот бил украден во ноќта од средата кон четвртокот. Непознатиот сторител, цела ноќ, поточно 12 часа, се возел со автомобилот во центарот. Полицијата го пронашла автомобилот во подрачјето на Медвешчак и ѝго вратила на Николина Пишек Ристовиќ (48).

Водителката потврдила дека ѝ се јавиле од полиција и дека автомобилот е пронајден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

На Николина во последната година ѝ се случија многу несреќи. По летниот одмор во Каштел Стари минатото лето, нејзиниот сопруг Видое Ристовиќ (42) заврши на суд поради закани кон сопругот на сопственичката на вилата. Водителката, пак, неодамна рекла дека возвратиле со противтужба.

Земјотресот во Загреб лани им го оштети станот, кој беше привремено неупотреблив.

Потоа, Николина и нивната ќерка (7) на почетокот на годината за малку ќе се задушеа со гасот во нивниот стан во Загреб, по што завршија во болница со здравствени проблеми.

– Секунди нè делеа од трагедијата – изјави тогаш водителката. Последната драма со автомобилот, како што заклучува Николина, имала среќен крај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Србија со корона се заразени околу 5.000 ученици

Следно

Штипската изборна комисија ги врачи уверенијата на 23 советници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian