ФОТО | Бизарно: Се фотографирала во секси поза покрај ковчегот на починатиот татко

1 min read

Инфлуенсерката Џејн Ривера од Флорида, Америка, ги згрози сите и наиде на бројни негативни коментари откако се фотографираше покрај отворениот ковчег на нејзиниот татко, кој ненадејно починал.

Дваесет годишната девојка објави серија фотографии на кои позира пред отворениот ковчег во капелата облечена во црн краток фустан, со длабоко деколте и чизми на високи потпетици, а својот „стајлинг“ го надополнила со специјална фризура и целосна шминка на лицето.

На една од фотографиите ги склопила рацете како да се моли, а отишла дотаму што пред ковчегот со починатиот татко позирала во секси поза со крената нога.

„Пеперутке, одлетај, почивај во мир, тато, ти беше мојот најдобар пријател“, напишала таа покрај објавата.

Луѓето на социјалните мрежи не престануваат да ја критикуваат објавата на инфлуенсерката.

„Колку е ова бедно и патетично“, „Дали вреди да имаш деца?“„Навистина мора да бидеш глупав за да го направиш ова“, „Луѓе, внимавајте што објавувате на социјалните мрежи“, се само некои од згрозените коментари на споменатата фотографија.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Меркел призна дека побарала многу од Грците, Мицотакис ја карактеризираше како глас на логиката и стабилноста

Следно

Стефковски: Нов хемиски отпад во Општина Гази Баба нема да има!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian