ФОТО | Aнтониа Гиговска го најави своето музичко првенче: „Со албумот уште нешто кое едвај чекам да го видите“

1 min read

Нашата млада пејачка, Антониа Гиговска која јавноста ја запозна со своите почетоци како одличен вокал што учествуваше на „Пинкови ѕвездички“, го најави своето првенче – албумот кој треба да излезе во јануари 2022.

На својот инстаграм –профил, Антониа објави фотографија во суптилно издание во деним комбинација со црн топ и напиша:
„Прв албум и песните со кои што пораснав како личност и артист. Некои од нив ми будат убави спомени, некои од нив солзи, некои од нив насмевки. Секоја со својата приказна. Мои се, ги сакам сите. Со албумот уште нешто кое што едвај чекам да го видите“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Антониа Гиговска во јавноста е позната по својата песна „Невреме“ која беше тренд на Youtube, а освен што е посветена на својата кариера како пејачка, беше и придружен вокал на Тамара Тодевска за Евровизија во 2019 година.

Aнтониа Гиговска
Антониа Гиговска/Instagram

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кривокапиќ: Во Белград нема да го потпишам договорот со СПЦ

Следно

Физички нападната жена во Ѓорче Петров

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian