Е. Пелистер со убедлива победа над Металург во Суперлигата

1 min read

Екипата на Е. Пелистер продолжува со победите во најквалитетната македонска лига, откако по поразот од Вардар 1961 во дербито во Скопје, вечерва го впиша петтиот триумф во низа.

На теренот во Автокоманда, играчите предводени од тренерот Жељко Бабиќ покажаа квалитет, решителност и без никакви проблеми го совладаа Металург, победувајќи го со 25:38.

Се одигра уште еден меч во шампионатот, Т. Пролет како домаќин минимално со 25:24 славеше против Охрид.

На табелата води Е. Пелистер со 24 бодови, колку што има и Вардар 1961, но скопските „црвено-црни“ имаат меч помалку, а на третата позиција е Т. Пролет со 21 бод.

Ракомет – Суперлига, 9. коло
Металург – Е. Пелистер 25:38 (11:21)

Спортска сала „Автокоманда“
Гледачи: 300

Металург: Дупјачанец, Брестовац, Бардакоски, Петров 1, Петковски. Субашевски, Хорват 7, Улисес 3, Лазаревски 2, Озтурк 9, Митиќ 1, Каковски 2, В. Маркоски
Седмерци: 2/1, Исклучувања: 2 минути

Е. Пелистер: Секељи, Ивановски, Мараш 2, Ојлески 2, Н. Маркоски 5, Маџовски 5, Кукуловски 2, Танкоски 3, Периќ 1, Костески 3, Кукоски, Велковски 2, Божиќ Павлетиќ 5, Граџан 3. Обрадовиќ 2, Табоада 3
Седмерци: 1/0, Исклучување: 4 минути

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: На Криволак уништени неексплодирани мини, гранати и бомби

Следно

Болниците во Бугарија преполни, состојбата и понатаму се влошува

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian