Димитријевиќ ќе ги пропушти првите натпревари од квалификациите за Мундобаскет

1 min read

Членот на Валенсија, Ненад Димитријевиќ одигра 10 минути на последниот натпревар од Еврокупот постигнувајќи два поени во минималниот пораз од Будуќност во Подгорица.

Денеска неговиот шпански клуб ја информираше јавноста дека македонскиот плејмејкер се здобил со повреда.

Тестовите за снимање на кои играчот беше подложен вчера открија дека се здобил со кинење на мускулите на тетивата на десната нога. Од клубот проценуваат дека е неопходен период на опоравување од околу шест недели.

Тоа воедно значи дека Димитријевиќ ќе ги пропушти првите натпревари на нашата сениорска репрезентација квалификациите за пласман на следното Светско првенство.

Потсетување на 26 ноември избраниците на селекторот Драган Бајиќ на домашен терен во првото коло ќе ја пречекаат Шпанија, а три дена подоцна ќе ѝ гостуваат на Украина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОМО Илинден Пирин: Малцинство во Устав не е право, туку ретка привилегија

Следно

Во Србија со корона се заразени околу 5.000 ученици

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian