Заврши снимањето на „Џон Вик 4“: Кијану Ривс повторно ја покажа својата добрина на дело

1 min read

Кијану Ривс е познат по својата приземност и конекција со останатите луѓе, а тоа го потврдува и последниот негов гест за време на снимањето на четвртото продолжение на филмскиот ланец „Џон Вик“, четврто по ред.

Непосредно по завршувањето со снимање на сцените за филмот, 57-годишниот актер одлучи да им подари персоналнизирани „Rolex Submariner“ часовници на неговите каскадери кои им ги предаде на вечера во Париз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ROLEX (@rolex)

Брус Консепсион, Џереми Маринас, Дејв Камарило и Ли Кјанг не се воздржаа од споделување на фотографии од часовниците на социјалните медиуми, а искрените благодарности ја возбудија интернет публиката.

Впечатливо е тоа што Ривс ги персонализираше подароците до четворицата каскадери со порака на заблагодарување за тоа што биле дел од актерската петорка.

„Џон Вик Петорка. Џереми, ти благодарам. Кијану, „JW4“ 2021“, пишува на еден од подарените часовници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by WATCHMANIA (@watchmania)

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Милановиќ сака средба со Вучиќ и Ердоган: Дејтонскиот договор е линија која не смее да се премине

Следно

ЈП Лајка реагира: Лажна пријава за каснување од куче кое било згрижено кај нив

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian