ВИДЕО: Прв гол на Барди сезонава во „Ла Лига“, стрелаше против Атлетико Мадрид

1 min read

Енис Барди е стартер за Леванте во натпреварот од 11 коло во најсилното шпанско првенство против Атлетико Мадрид.

Македонскиот репрезентативец успеа да го запише првиот гол сезонава во петтиот настап за Леванте во шампионатот.

Најпрвин „јорганџиите“ поведоа на стадионот во Валенсија со погодокот на Гризман во 12 минута после асистенцијата на Фелипе.

Израмнувањето се случи во 37 минута кога нашиот играч Барди беше прецизен од белата точка и ја затресе мрежата на Облак.

Леванте доста се мачи од почетокот на сезоната бидејќи сè уште го бара првиот триумф во „Ла Лига“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шилегов од Карпош: Скопје конечно не е партиско, туку на граѓаните – да не се враќаме во стравот и немирот од пред 2017 година

Следно

“МАЛА“ – место за инспирацијa: Нова иницијатива, со поинаков концепт на функционирање вметнат во минималистички ентериер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian