ВИДЕО: Наполи и Елмас се вратија на врвот во Италија, убедливи и против Болоња

1 min read

Наполи во 10 коло од италијанската Серија А ја совлада екипата на Болоња со убедлив резултат 3:0 на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Составот предводен од тренерот Лучано Спалети игра феноменално оваа сезона, а овојпат клубот од Неапол доминираше против Болоња која немаше никакви шанси на овој натпревар.

До водство „наполитанците“ дојдоа во 18 минута кога македонскиот репрезентативец Елиф Елмас му асистираше на Фабиан Руиз кој прекрасно стрелаше од околу 20 метри.

Со сите сили домаќините напаѓаа и во понатамошниот дел од средбата, а до вториот погодок се чекаше во 41 минута кога Медел играше со рака во казнетиот простор, а главниот судија покажа на белата точка.

Сигурен пеналџија беше Инсиње за зголемување на предноста, а истиот играч стрелаше од белата точка и во 62 минута за поставување на конечниот епилог.

На тој начин Наполи се врати на првото место во генералниот пласман со 28 бодови, колку што има и второпласираниот Милан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ахмети: Шилегов е најдобриот скопски градоначалник досега, а Арсовска нема искуство за функцијата

Следно

Борисов со уште поголема уцена од Радев: Нема ни да разговараме со Скопје додека Бугарите не влезат во Уставот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian