ВИДЕО: Асистенција на Елмас за предност на Наполи против Болоња

1 min read

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас повторно е стартер во редовите на Наполи кој во новото коло не го води Лучано Спалети поради црвениот картон против Рома.

„Наполитанците“ на домашен терен ја имаат фаворитската улога против Болоња, а во 18 минута на стадионот „Диего Армандо Марадона“ дојдоа во предност.

Гостите ја загубија топката, нашиот играч Елмас му асистираше на Фабиан Руиз кој стрелаше прекрасно во мрежата на Скорупски.

Клубот од Неапол ја брка и деветтата победа со која повторно би се израмнил со Милан на лидерската позиција во генералниот пласман.

Асистенцијата на Елмас и погодокот на Руиз можете да ги погледнете на видео записот:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев: Парламентарното мнозинство на владејачката коалиција ќе порасне за најмалку четири пратеници

Следно

Пронајден снајпер во багаж на Србин на аеродромот во Ниш

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian