Украина ќе ги пречека најдобрите македонски кошаркари во Киев

1 min read

Вториот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2023 најдобрата македонска репрезентација ќе го игра во „Дворецот на спортовите“ во Киев против Украина од 19.00 часот по локално време.

Украинската федерација ги соопшти првите детали поврзани со организацијата на средбата од квалификациите за Светскиот Куп која е закажана за 29 ноември 2021 година.

Освен тоа познати се и цените на влезниците кои од пред некој ден се во слободна продажба.

За четирите сектори во киевската Арена, треба да се издвојат од 70 до 500 украински гривни, односно од 2,5 до 16,5 евра.

Претходно, на отворањето на ноемврискиот ФИБА „прозорец“, нашата машка сениорска репрезентација на 26 ноември во Скопје ќе ги одмери силите со актуелниот светски шампион – Шпанија, а истиот ден као дел од групата „Г“, во Тбилиси, Грузија е домаќин на Украина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шилегов: Нема да дозволам гондоли да поминуваат над главите на жителите на Водно, Козле и Капиштец, за разлика од моите противкандидати

Следно

Дали Ерсан Зибер е новата актерска ѕвезда од Македонија?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian