Трудница болна од ковид и приклучена на респиратор се породи со царски рез во Сплит

1 min read

Несекојдневен случај е забележан на Клиниката за инфектологија во Сплит, кога млада трудница која се лекува на ковид-одделот и е приклучена на респиратор, била предвремено породена со царски рез, јавуваат медиумите.

Началникот на клиниката, д-р Иво Ивиќ, примерот со трудницата го искористи за да го илустрира сѐ поголемото ширење на коронавирусот меѓу младите во вториот по големина хрватски град.

„Минатата ноќ имавме бремена жена која е ставена на респиратор, а породувањето е завршено со царски рез, предвремено,“ изјави д-р Ивиќ за Н1.

„Децата ја носат дома болеста, им ја носат на младите мајки, на хроничните пациенти, на своите дедовци и баби. Со ова ниво на вакцинирано население, ние можеме само да очекуваме дека ќе биде лошо“, рече тој, предупредувајќи дека е можна експлозија на тешки случаи на ковид-19 кај младите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: „Хаос на Камп Ноу“ – карикатура која можеби најдобро ја отсликува ситуацијата во Барса!

Следно

Државниот секретар Азири на конференција за 40-годишнината од Националниот историски музеј во Тирана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian