Српски имунолог порачува: Немојте да ги мерите антителата во крвта

2 mins read

„Антителата се само еден вид одбрана од коронавирусот и врз основа на нивната количина не може точно да се одреди дали сме имуни или не. Примете ја вакцината и бројот на дозите онака како што е препорачано, и немојте да ја мерите количината на антителата“ изјавил за РТС имунологот Милош Марковиќ од Медицинскиот факултет во Белград.

Во тек се студии ширум светот во кои се анализираат луѓето кои се природно отпорни на коронавирусот. Во нивните гени би можел да биде клучот за лекувањето на таа болест, сметаат научниците.

Имунологот укажал на тоа дека количината на антитела не е единствената одбрана на нашиот организам од коронавирусот, но дека тоа е нешто што најлесно можеме да го измериме.

– Антителата се само еден вид одбрана, секоја инфекција ги придвижува Т-лимфоцитите, ние правиме и некои мемориски клетки, кои долго живеат и паметат и кои кога повторно ќе се сретнат со вирусот подобро реагираат и нè штитат – објаснил професор Марковиќ.

Тоа е, како што вели имунологот, всушност, имунолошка меморија и врз основа на тоа имаме имунитет кога ќе ја прележиме инфекцијата и по вакцинирањето.

Единствените антитела, истакнува имунологот, кои даваат некоја појасна информација, се неутрализирачките антитела, чија количина можат да ја проверат само специјализирани лаборатории.

„Што и да мерите во која било лабораторија, нема да измерите ниту еден параметар дали сте имуни или не“, навел професор Марковиќ.

„Дури и да направите тест, ние не знаеме кое е нивото на заштита и мојата порака е јасна – воопшто немојте да го мерите нивото на антитела во крвта“, додал тој.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шмит пред Парламентот на БиХ, и упати јасна порака на РС да не се надева на независност

Следно

Експресно исчистена депонија во населбата Јане Сандански во Аеродром

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian