Шилегов од Карпош: Скопје конечно не е партиско, туку на граѓаните – да не се враќаме во стравот и немирот од пред 2017 година

1 min read

Кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ и коалицијата, Петре Шилегов, на вечерашниот завршен собир од кампањата во Карпош рече дека наспроти повиците од ВМРО-ДПМНЕ дека „Скопје е вмровски град“, веднаш по првиот круг од изборите „видовме какви се во својата душа противкандидатите“.

„Не, Скопје не е вмровски град, Скопје не е сдсмовски град. Скопје не е на ниту една политичка партија, Скопје е на вас граѓаните и граѓанките“, рече Шилегов.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ „повторно ги потценува и понижува граѓаните“, бидејќи нивната кандидатка Данела Арсовска одбива да излезе на јавна дебата и на соочување на фактите.

„Немаат ниту минумум демократска пристојност. Граѓаните треба да одлучуваат од нашите соочувања, нашите стратегии, што е планот на секој од нас за развојот на градот“ рече Шилегов.

Актуелниот градоначалник на Скопје додаде дека тој „нема ништо против некој да се чувствува како Бугарин и да има бугарско државјанство, но има против кога некој тоа го крие од граѓаните и лаже“. Тој запраша: „Како може човек што бега од своето минато, да гради иднина за целиот град?“

“Мирот стабилноста и сигурноста е нешто што доаѓа со нас, и затоа драги пријатели, едноставен е изборот, две се опциите на 31 октомври: се враќаме назад во 2017 во делбите, стравот, немирот, или продолжуваме заедно да градиме заедничко Скопје, каде што луѓето се битни, заедничко Скопје кое што ќе биде модерно, европско, посветено на сите граѓани, порача Шилегов.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајден конечно го претстави „историскиот“ договор за американската економија

Следно

ВИДЕО: Прв гол на Барди сезонава во „Ла Лига“, стрелаше против Атлетико Мадрид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian