Прогласен виновникот за авионската несреќа во која загина Емилијано Сала

2 mins read

Авионската несреќа која се случи во 2019 година над каналот Ламанш конечно доби судска разрешница бидејќи како виновен за смртта на фудбалерот Емилијано Сала е осуден организаторот на кобниот лет, Дејвид Хендерсон.

Сала беше фудбалер на Нант кој на 22 јануари 2019 година со авион леташе за Кардиф каде требаше да потпише договор за англискиот тим.

Но, авионот се сруши над каналот Ламанш, а на трети трети февруари 2019 година беа пронајдени остатоците од авионот, а телото на фудбалерот беше пронајдено и идентификувано подоцна.

Хендерсон е осуден на судскиот процес кој се водеше во Карди, десетина дена откако призна дел од вината бидејќи се обиде да организира лет за патници без дозвола и овластување.

Фудбалскиот агент Вилијам Мекеј се обидувал да договори лет од Нант за Кардиф за да може да се реализира трансферот вреден 15 милиони фунти. До промоција на Сала во Кардиф не дојде бидејќи загуна во авионскиот лет, по што навивачите на Кардиф и на Нант како и фудбалските власти во Франција и Англија инсистираа на целосно откривање на причините кои придонесоа за трагичната несреќа.

Истрагата покажа дека Иботсон немал лиценца за пилотирање, а Сала починал како последица на повредите на главата и телото, додека пилотот најверојатно се катапултирал пред падот на авионот.

Телото на Иботсон никогаш не е пронајдено, додека Сала е идентификуван преку отисок од прстите.
Поротата седум и пол часа одлучуваше дали ќе го прогласи Дејвид Хендерсон за виновен што на крајот се случи, а пресудата ќе биде изречена на 12 ноември.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Републичкото Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Т’га за југ” со поддршка за Шилегов

Следно

Шмит пред Парламентот на БиХ, и упати јасна порака на РС да не се надева на независност

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian