Построги мерки во Киев, Кличко „во клинч“ со пандемијата

1 min read

Киев ќе ги заостри мерките за ограничување против коронавирусот поради зголемувањето на бројот на новозаразени, најави денеска градоначалникот на тој град Виталиј Кличко, пишува Киев Пост.

Од понеделник кафулињата, рестораните, спортските сали, трговските центри и забавните објекти ќе можат да работат само доколку се вакцинираат сите вработени кои работат во нив, изјави градоначалникот Кличко. 

Воедно, на овие институции им е забрането, како што се наведува, да примаат посетители кои немаат потврда за вакцинација или негативни тестови. 

 Негативен тест или дигитален зелен сертификат исто така ќе биде потребен за користење на јавен превоз.  

Голем број од населението во Киев се противи на новите мерки, а во земјата се уште има голем број на лица кои не се вакцинирани.

Градоначалникот на Киев, воедно и поранешен шампион во бокс,  Виталиј Кличко, е под голем притисок, бидејќи бројот на загинати и новозаразени во главниот град на Украина постојано расте.

Градоначалникот на Киев, Витали Кличко/ Фото EPA-EFE/RONALD WITTEK

Ковид пекол во Украина 

Во Украина во изминатите 24 часа е регистриран рекорден дневен број на новозаразени – 26.071 случај и 576 починати, покажуваат податоците на Министерството за здравство.  

Во Украина, вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата на корона вирусот е 2,85 милиони случаи, со 66.204 смртни случаи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тажна вест за обожавателите: По повторното собирање, „АББА“ најави конечен крај!

Следно

Шилегов: Нема да дозволам гондоли да поминуваат над главите на жителите на Водно, Козле и Капиштец, за разлика од моите противкандидати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian