Пандев во Топ 5 активни фудбалери со најмногу настапи во италијанската Серија А

1 min read

Горан Пандев (38), кој годинава после Европското првенство кажа крај на репрезентативната кариера, и сезонава настапува за калчолигашот Џенова.

Македонскиот напаѓач веќе седма година по ред ги брани боите на најстариот фудбалски клуб во Италија.

Моментно сезонава има вкупно 10 настапи, а кога сме кај настапите во најсилното италијанско првенство нашиот играч е во Топ 5 активни фудбалери.

„Гранде“ Пандев е на третото место со 483 настапи, севкупно досега има 164 настапи за Џенова во Серија А.

Остави голема трага во Италија каде што го помина најголемиот дел од својата професионална кариера, играјќи за Специја, Анкона, Лацио, Наполи, а Интер ја освои титулата во Лигата на шампионите во 2010 година.

Топ 5 активни фудбалери со најмногу настапи во Серија А –

1. Самир Хандановиќ (Интер) 524
2. Фабио Кваљарела (Сампдорија) 509
3. Горан Пандев (Џенова) 483
4. Џорџо Кјелини (Јувентус) 416
5. Андреа Консиљи (Сасуоло) 412

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Многу лаги кажаа за мене, ама ќе ги победам со 30.000 гласа разлика, вели Арсовска

Следно

Ескобар: Србија и Косово да го продолжат дијалогот за меѓусебно признавање

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian