Новиот градоначалник на Кисела Вода се откажа од службен автомобил и средства за репрезентација

1 min read

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, нема да користи службен автомобил и се откажува од средствата за репрезентација, информираат од општината.

Како што пренесуваат, според најавата во предизборната кампања, ќе се води строга контрола на сите службени возила и нивната употреба ќе биде наменска, рационална и исклучиво во корист на граѓаните, а средствата од репрезентација ќе бидат пренаменети за реконструкција на образовни објекти и детски игралишта.

– Никој повеќе нема право да ги злоупотребува службените возила во приватни цели. Од денес, клучевите на сите службени возила ќе бидат под строга контрола и ќе се користат исклучиво во корист на граѓаните, доста беше од бесцелно трошење на парите на граѓаните, изјавил градоначалникот – пренесуваат од општината. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Дали Ерсан Зибер е новата актерска ѕвезда од Македонија?

Следно

Доколку е екстрадиран во САД, Асанж може да се самоубие, тврди неговиот адвокат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian