Нова катастрофа за животната средина: 300 мртви желки на плажите во Мексико

1 min read

 Најмалку 300 мртви морски желки се појавиле на брегот на Тихиот Океан во Мексико, јавува Би-Би-Си.  

Раните истражувања покажуваат дека маслиновите желки (Lepidochelys olivacea) се удавиле, изјави претставник на мексиканското Министерство за животна средина. 

Тој додаде дека најверојатно биле заплеткани во нелегални рибарски мрежи на отвореното море.  

Нивниот број се намалува  

Меѓународната унија за зачувување на природата и природните ресурси ги прогласи маслиновите желки за ранлив вид, што според класификацијата значи дека постои веројатност да станат загрозени доколку не се преземат заштитни мерки. 

Унијата предупредува дека нивната популација се намалува, а тие се ранливи бидејќи се размножуваат на ограничен број локации. Желките се пронајдени на плажата Моро Ајута во регионот Оахака во западно Мексико, каде што желките доаѓаат да ги снесат јајцата, јавува Би-Би-Си. 

Ужас на англиските плажи: Илјадници мртви животни на бреговите, последица на загадувањето?

www.slobodenpecat.mk

Претходно

“МАЛА“ – место за инспирацијa: Нова иницијатива, со поинаков концепт на функционирање вметнат во минималистички ентериер

Следно

Арсовска вети дека ќе се откаже од статусот почесен конзул на Унгарија и од претседателското место во ССК, за да ја извршува градоначалничката функција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian