Многу лаги кажаа за мене, ама ќе ги победам со 30.000 гласа разлика, вели Арсовска

1 min read

Од кампања за локални избори, противкандидатот Петре Шилегов оваа кампања ја направил црна, наместо да им каже на граѓаните што ќе прави за нив. Со тоа се видело кој каков интерес има, оцени кандидатката на опозицијата за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, во гостувањето на Канал 5 вечерва.

Според неа, наместо за визии и идеи, Шилегов зборувал „за сѐ друго само не за тоа што треба, како за нејзиното име и наводното бугарско државјанство“.

„Од своето раѓање до денес, јас моето име не го дадов, името ми е од името на дедо Дане. Од другата страна, имате човек кој се што кажал излажал, затоа се што зборуваат за мене се манипулации и лаги. Јас знам само дека овие манипулации и лаги ќе се докажат. Од другата страна има луѓе во очај, а сега нив ќе ги победам со 30 илјади гласови разлика“, рече Арсовска, повторувајќи дека ќе тужи за сите изречени обвинувања и искази од владејачката партија, вклучувајќи ги и наводите за бугарското државјанство.

Многу медиуми извадија многу информации, рече таа, и додаде дека тоа го прават бидејќи премиерот Заев рече ќе ја депонира оставката во случај СДСМ да ја загуби власта во Скопје.

„Знаеме зошто се толку големи нападите. Заев рече ако го загубат Скопје ќе поднесе оставка“, рече таа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зошто бетонот е толку опасен за Земјата?

Следно

Пандев во Топ 5 активни фудбалери со најмногу настапи во италијанската Серија А

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian