Лукашенко и се закани на Полска дека Белорусија ќе возрвати на трупањето војска на заедничката граница

1 min read

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко се закани дека Минск остро ќе реагира на обидите да се трупаат странски војници на западните граници на Белорусија.

– Полјаците на границата со Белорусија ќе се борат против илегалната миграција со тенкови „Леопард“. Веројатно ќе ве изненади. Но, како да се бориме со тенкови против цивили, не знам. Тие само бараат каков било изговор да ги приближат своите војници до нашите граници, односно – границите на Унијата на држави на Белорусија и Русија – рече Лукашенко


Тој додаде дека Минск ќе реагира многу остро на полските аспирации и планови

– Ќе почекаме уште малку и ќе ги предупредиме. И тогаш имаме што да доближиме до границите. Не само ние туку и Руската Федерација. Ќе дејствуваме остро, и нема да го земеме во предвид нивното критикување “, нагласи Лукашенко.

Полските власти претходно објавија дека планираат да испратат 2.500 војници за да им помогнат на граничарите да ја заштитат граничната област од илегални имигранти. Исто така, полската страна испраќа тенкови „Леопард“ на 10-та оклопна бригада во пограничниот град Бјала Подласка на границата со Белорусија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шилегов: Распишан тендерот за БРТ

Следно

АВМУ: Молкот почнува на 30 октомври и завршува во 19.00 часот на 31 октомври

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian