Голем потпис на „Џузепе Меаца“, одличниот Аргентинец уште пет години во Интер

1 min read

Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез потпиша нов договор со миланските „нераѕури“, барем така пренесува новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер профил.

Се очекува играчот наместо досегашните 2,5 милиони да заработува дури шест милиони евра по сезона.

Според новиот договор Мартинез нема излезна клаузула, а претходната изнесуваше вкупно 111 милиони евра.

Одличниот напаѓач досега во досегашниот дел од најсилната италијанска Серија А постигна пет голови.

– Лаутаро Мартинез штотуку го потпиша новиот договор со Интер, потврдено. Договорот е комплетиран и документите беа потпишани денеска наутро. Официјално соопштение се очекува во следните неколку дена. Новиот договор ќе биде до јуни 2026 година. Отстранета е ослободителната клаузула од 111 милиони евра – напиша Романо на Твитер.

Финансиска инјекција за Милан, лидерот во Серија А добива помош од 130 милиони евра

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Арсовска на средба со претставници од „Го сакам Водно”: На Водно нема да се закова ни шајка

Следно

Милановиќ сака средба со Вучиќ и Ердоган: Дејтонскиот договор е линија која не смее да се премине

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian