„Го Сакам Водно“ до Арсовска и Шилегов : Покажете гаранција за Водно!

3 mins read

На само два дена пред молкот за изборот на нов градоначлник, од организацијата за зашита на животната средина „Го сакам Водно“ ги повикаа кандидатите Петре Шилегов и Данела Арсовска не само да се обврзат, туку и да направат чекор повеќе кон Водно како гаранција дека нивните намери за ВИСТИНСКИ И ЦЕЛОСНО ЗАШТИТЕНО ВОДНО се искрени.

-Заложбите и апелите за носење на севкупна и функционална заштита на Водно на врвни и докажани ескперти од шумарстовто, хидролгоијата, инженерството, просторното планирање, клучни државни институции, видни професори и преку 32 граѓански здруженија, не успеаа да ја спречат Одлуката која отвара врата за негово брзо урбанизирање и уништување, велат од организацијата. 

-Сепак, заедно успеавме да се избориме за мала искра за спас, префрлајќи ја тежината во Градот, но неопходна е итна и брза реакција на оној кој ќе освои трката за градоначалник:

– Потребата од правилно зонирање на Водно е евидентна, а Градот е единствената инстанца која тоа може да го иницира и спроведе.

Затоа и ве прозиваме, Данела и Шилегов, бидејќи само ваша искрена заложба може да биде над оваа Одлука. Ако го сакате Градот, ќе имате можност да направите чекор за Водно да биде спасено, а со тоа и градот заштитен.

Инаку, Водно ќе го изгубиме.

Што треба да направи Градот?

1.) Да започне итно изработка на Просторен План на Водно како простор од посебен интерес! Тоа ќе овозможи правилно ЗОНИРАЊЕ на Водно, наспроти она предвидено во Одлуката.

2.) Toj да се додели на изработка во Агенцијата за планирање на простор, каде што експертизата преку строго дефинирани методологии ќе ги преклопи сите значења и вредности на Водно и ќе наметне режим на заштита за секоја предвидена Зона.

3.) Паралелено да се иницира постапка за носење на СПЕЦИЈАЛЕН ЗАКОН ЗА ВОДНО во Собрание.
Овој Lex Specialis ќе претставува гарант за правилното Зонирање на целата територија на Водно, соодветниот режим на заштита и ќе ги замрзне сите можни активности и носења на други планови, вклучувајќи ги и Планот за управување и урбанистичките планови или проекти, сé дури не се донесе Просторен План за Водно, како план од највисок ред.

Што очекуваме како гаранција?

Очекуваме идејна, драфт верзија на Специјалниот Закон. Очекуваме запознавање со можностите, потребните чекори и ресурси (време и пари) неопходни за Агенцијата да започне постапка за Просторен План на Водно. Можеби веќе имaте Нацрт-закон? Или, пак, сте оствариле средба со Агенцијата и упатиле барање до неа? Или пак нешто друго?

Покажете дека вашите намери се искрени. Повлечете потег кој ќе помогне Водно да не бидне само едно убаво минато, туку вистинска заштита на градот и жителите. Повелете, докажете дека тоа го можете…

Водно е нешто кое не смее никој да го предаде, порачуваат од „Го сакам Водно“. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Трет форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО

Следно

ВИДEO | Андоновиќ: Кина се подготвува за враќање на Тајван во своите граници, САД ги учат Тајванците како да се одбранат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian