Разговараме со Џоко Ризов, поддржувач и практикувач на активен туризам, кој добар дел од своето време, го минува на Кожув.

Но, за Џоко Кожува не е само предизвик како планина, како природна убавина. Тој го „живее“ Кожув на поинаков начин, меѓу другото, и преку плодовите кои ги дава планината. Неговите документирани записи постирани на социјалните мрежи, ја поттикнуваат љубопитноста на бројните следбеници, а придонесуваат и за промовирање на активниот туризам. Многумина, привлечени токму од видеата на Џоко, почнаа да планинарат.
Џоко е махер и за готвење, се разбира, ги користи даровите од природата, а рецептите најчесто ги приготвува на карпест камен.
Зошто го одбра Кожув за своевидно твое живеалиште?
– Живеам во Гевгелија, а љубовта кон Кожув датира од најмали нозе, секое слободно време кое ќе ми се пружи го користам пешачејќи или возејќи велосипед на Кожув, уживајќи во чистиот воздух и прекрасните пејсажи кој ги нуди. Доколку временските услови дозволуваат, кампувам собирајќи шумски плодови и подготвувам храна.
Колку според тебе е застапен активниот туризам и во кој правец би требал да се развива?
– Активниот туризам во последните две години, по избувнувањето на пандемијата со ковид 19, зема сè поголем замав, односно интересот на луѓето е сè поголем. Често се случува при објава на фотографии на социјалните мрежи да се постави прашањето – зар ова е во Македонија?, а потоа и да се бара самата локација.
Активниот туризам треба да се развива во правец на обнова на планинарските домови како и нивната достапоност, изработка на национална апликација каде што ќе бидат вметнати сите планински, велосипетски патеки, како и други податоци неопходни за успешен активен туризам.
Колку пак, жителите на нашата зеемја, според тебе, се еколошки освестени, има ли некаков напредок денес во споредба со пред десетина години?
– Има сè поголем напредок во еколошката свест на луѓето кој активно ги посетуваат планинските предели, но еколошката свест сè уште е на исто ниво кај луѓето кои извршуваат работни задачи (собирање шумски плодови и сеча на шума) во планинските предели, па така често можат да се најдат отпадоци на самите места.
Какви задоволства добиваш од планината и дали е возможно да се живее само од плодовите кои ги дава?
– Како што реков…
Целиот текст и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк
Извор: www.slobodenpecat.mk