ФОТО: „Хаос на Камп Ноу“ – карикатура која можеби најдобро ја отсликува ситуацијата во Барса!

1 min read

Познатиот карикатурист Омар Момани направи една многу интересна карикатира кој можеби најдобро ја отсликува моменталната ситуација во Барселона, откако клубот го отпушти тренерот Роналд Куман.

Тој го прикажа Куман како тажен и депримиран во моментот кога ги носи работите и го напушта „Камп Ноу“. А во описот на фотографијата напиша дека холандскиот стручњак си заминува во ситуација кога клубот е во целосен хаос.

На делот од стадионот кој го означува теренот, Момани ги покажа пукнатините и на тој начин сликовито ги опиша големите проблеми во играта на Барселона, како и расфрланите букви на слоганот „повеќе од клуб“ на трибините.

– Роналд Куман ја напушта Барселона во состојба на хаос. Кој ќе дојде како замена – се прашува Момани.

Во меѓувреме клубот веќе најде привремено решение, а се најавува дека легендарниот играч на Барселона Чави Ернандез речиси сигурно ќе стане нов тренер на Барселона.

Не е само Куман, Барса гледа кон „ветераните“ барајќи ги виновниците во соблекувалната

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Арсовска вети дека ќе се откаже од статусот почесен конзул на Унгарија и од претседателското место во ССК, за да ја извршува градоначалничката функција

Следно

Трудница болна од ковид и приклучена на респиратор се породи со царски рез во Сплит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian