ФОТО | Ги прашавме пазарџиите: Дали вреди да се прави зимница дома?

3 mins read

На ваков убав сончев ден скопјани излегоа на пазар, а со низ излеговме и ние со едно прашање што ни ја разгорува љубопитноста од почетокот на есенската сезона „Дали вреди да се прави зимница дома?“. 

На пазарот „Буњаковец“ има неколку тезги со насмеани пазарџии од каде што може да си купите направена и спремна зимница. Консензусот меѓу нив е дека е подобро да се купува зимница, наместо да се прави дома. Едно од занаетчиски аспект, ама сме наклонети да се согласиме, со оглед на тоа дека маслото и пиперот се многу поскапени и нашиот традиционален и омилен ајвар оваа есен се трансформира во егзотичен деликатес достапен само за тие со подлабок џеб.

буњаковец пазар
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски

Разочарани од реалноста на ситуацијата во која живееме се прошетавме од тезга на тезга да се информираме, ако веќе дома зимници не правиме, туршии не ставаме и ајвар не пржиме, колку чинат различните домашни производи.

буњаковец пазар
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски

На тезгата на госпоѓа Снежана најбогато снабдена со домашни зимници, се нудат лути жолти гамби (мали пиперки) и феферонки по цена од 150 денари кило, домата/салца кило по цена од 180 денари, а 700 грама – 120 денари, кисели краставички и карфиол кој чини 200 денари.

буњаковец пазар
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски

Има и руска салата, која може да се избере во блага или лута варијанта која може да си ја купите во тегла или на мерење со цена од 120 денари.

Теглите ајвар чинат 400 денари парче. Во марифетите на Снежана има пиперки – капија и везени, повторно со избор за тие што претпочитаат луто, скиселени со магдонос и лукче исто во тегла од 2 килограми кои чинат 400 денари или рефус – 200 денари по килограм и се шири прекрасна миризба на скиселено лукче.

буњаковец пазар
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски

Ја прашавме госпоѓата Снежана – Дали вреди да се прави зимница дома? – и таа ни одговори:

– ТУКА ПОВЕЌЕ КУПУВААТ ОТКОЛКУ ШТО ПРАВАТ. ОВА Е МНОГУ МАЧНА РАБОТА, РЕЧИСИ ФИЗИЧКА РАБОТА, АМА Е ПРАВЕНО СО МЕРАК, ЗА СВОЈА ДУША.

буњаковец пазар
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски

На друга тезга налетавме на домашни џемови од праска, слива и кајсија кои се движат од 250-300 денари.

На тезгата на госпоѓа Ленче сретнавме деликатеси од модар домат, потпечени пиперки, руска салата, ајвар, малиџано, лутеница и салца по цени од 200 денари тегличка.

буњаковец пазар
Фото: Еспресо.мк / Виктор Поповски

Пазарџиите коментираат за високите цени на производите и како тоа се рефлектира пропорционално на нивните производи.

Па како што сме тргнале сезонава, може ќе треба ракиичката на суво да ја пиеме! 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пронајден снајпер во багаж на Србин на аеродромот во Ниш

Следно

Во предвечeрието на официјалното отворање: Ист Гејт Мол искажа благодарност на соработниците и партнерите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian