Емили Блант ќе му се придружи на Килијан Марфи во „Oppenheimer“ на Кристофер Нолан

3 mins read

Иако сè уште не постои официјална потврда, Емили Блант е најверојатно последниот член што ќе се приклучи на актерската екипа на следниот филм на Кристофер Нолан, „Oppenheimer“. Овој биографски филм ќе ја раскаже приказната за животот на Џ. Роберт Опенхајмер, главниот американски научник зад проектот „Manhattan“ и создавањето на атомската бомба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by StreamingNewsVA1 (@streamingnewsva1)

Засега е познато дека главната улога му е доделена на Килијан Марфи, а доколку нештата продолжат да се одвиваат според планираното, Блант ќе ја толкува улогата на Кетрин Висеринг Опенхајмер, сопругата на научникот.

Килијан Марфи
Килијан Марфи/Instagram

Филмот е адаптација на книгата „Американски Прометеј триумфот и трагедијата на Џ. Роберт Опенхајмер“ напишана од Каи Бирд и Мартин Џеј Шервин, за која добија Пулицерова награда. Но, земајќи предвид дека Нолан е познат по своите невообичаени наративни структури и пресврти, останува да видиме колку и како овојпат тој ќе си поигра со вистинската приказна за Опенхајмер.

„Oppenheimer “ ќе биде единаесеттиот игран филм на Нолан

Следувајќи по испреплетениот и церебрален „Tenet“, „Oppenheimer“ ќе биде единаесеттиот игран филм на Нолан чија премиера се очекува да се случи на 23 јули, 2023 година. Продукцијата на филмот ќе започне на почетокот на 2022, а ќе биде во дистрибуција на „Universal Pictures“.

Ова не е прва соработка на Марфи и Нолан. Двајцата работеа заедно на неколку филмови, вклучувајќи ги и „Batman Begins“, „Inception“ и „Dunkirk“, но ова би било прва соработка помеѓу Нолан и Блант. Минатата година, Блант и Марфи се појавија заедно во филмот „A Quiet Place“, што заработи над 190 милиони американски долари на меѓународно ниво.

Покрај „A Quiet Place“ 1 и 2, разновидната филмографија на Блант ги вклучува и нејзините улоги во „Devil Wears Prada“, научно-фантастичниот „Edge of Tomorrow“, мјузиклите „Into the Woods“ и „Mary Poppins Returns“ и трилерите „Sicario“ и „The Girl on the Train“. Неодамна се појави во семејната авантура на „Disney“, „Jungle Cruise“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jungle Cruise (@disneysjunglecruise)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Шилегов: Распишан тендерот за БРТ, Скопје добива брз, безбеден и одржлив јавен транспорт

Следно

Шилегов: Распишан тендерот за БРТ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian