По реакција на граѓаните денеска беше спроведена акција за расчистување на отпадот во населбата Јане Сандански во скопски Аеродром, објави новиот градоначалник Тимчо Муцунски кој сподели и фотографија од исчистениот простор.
-Општинските служби од денеска целосно се ставени во служба на жителите и ќе го санираат секој проблем со кој тие се соочуваат. Отворени сме за забелешки и пријавување проблеми во секој дел од општината. Се обврзуваме дека секој проблем ќе биде решен бидејќи граѓаните се на прво место, објави Муцунски на својот фејсбук профил.
А локацијата пред чистењето пред само неколку часа изгледаше вака, а граѓаните го пофалија Муцунски за експресната реакција откако алармирале за оваа депонија:
Извор: skopjeinfo.mk