Дали Ерсан Зибер е новата актерска ѕвезда од Македонија?

1 min read

Младиот и надежен Ерсан Зибер ќе имаме можност наскоро да го гледаме во една од познатите турски серии.

28-годишниот турски манекен, родум од Македонија, ги проширува своите професионални ангажмани и наскоро може да очекуваме да го видиме во една од претстојните турски серии.

ерсан зибер
Фото: Приватна архива

Ерсан веќе 15-тина години е активен во манекенските води, со бројни ангажмани за фотосесии за познатите брендови „Massimo Dutti“, „Boss“, „Vakko“ и „Guess“. Својата манекенска кариера ја започнува во Македонија, под закрила на агенциите Моделс Ин, подоцна Црнокрак, по што брзо преминува на европската сцена и своето манекенско дејствие го пренесува Италија и Франција, а сега се одлучи да се испроба и во актерските води.

ерсан зибер
Фото: Приватна архива

Зибер во моментов паузира од своите ангажмани додека е на одмор во Македонија, но наскоро ќе можеме да ги видиме и во дел од претстојните кампањи за наши брендови.

Дали Ерсaн Зибер е новата актерска ѕвезда од Македонија? Преостанува да видиме.

ерсан зибер
Фото: Приватна архива

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украина ќе ги пречека најдобрите македонски кошаркари во Киев

Следно

Новиот градоначалник на Кисела Вода се откажа од службен автомобил и средства за репрезентација

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian