Боксот и кревањето тегови ќе бидат исфрлени од програмата на ЛОИ во Париз 2024?

1 min read

Олимписките игри во Париз 2024 година би можеле да поминат едни од најтарите спортови на програмата, боксот и кревањето тегови.

Ова го најави претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах кој истакна дека одлуката ќе биде донесена наскоро.

– Загрижени сме поради состојбата во овие две федерации. Постојат огромни проблеми во нивното функционирање и внимателно следиме се што се случува. Наскоро ќе излеземе со сите информации во јавноста – изјави Бах.

Светската боксерска федерација (АИБА) веќе неколку години се наоѓа во финансиски, организациски, етички проблеми и поради тоа не учествуваше во организацијата на боксерските натпреварувања на Игрите во Токио кои се одржаа ова лето.

Според ИОК истите проблеми се повторуваат и со организацијата на Светското првенство кое се одржува во Белград на кое не учествуваат боксерите од Косово бидејќи не добија виза за влез во Србија.

Што се однесува до федерацијата за кревање на тегови, Бах вели дека се потребни промени поради зголемениот број на позитивни допинг тестови.
Поради тоа, во ИОК размислуваат да ги тргнат овие два спорта од програмата на наредните Олимписки игри во Париз за да може побрзо да се спроведат бараните реформи.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Арифи: Се асфалтира продолжението на булеварот „Благоја Тоска”, делницата ќе се заврши во првите 100 дена

Следно

Тажна вест за обожавателите: По повторното собирање, „АББА“ најави конечен крај!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian