Бајден конечно го претстави „историскиот“ договор за американската економија

1 min read

Американскиот претседател Џо Бајден денеска соопшти дека на Конгресот му претставил „историски план“ во врска со милијарди долари за социјални и еколошки мерки, непосредно пред неговото патување во Европа на самитите Г20 и КОП26, пишува Си-Ен-Ен.


„Имаме рамка за историски економски план“, рече претседателот на Белата куќа.

Сепак, тој не потврди дека тоа е формален договор меѓу двете страни во неговата Демократска партија.

„Тоа е рамката на планот што ќе создаде милиони работни места, ќе влијае на економскиот раст и ќе инвестира во нашата нација и нашиот народ“, додаде тој. 

Тој исто така нагласи дека нацрт-економскиот план ја вклучува „најголемата инвестиција досега за справување со климатската криза“, мерки кои, по цена од 550 милијарди долари, ќе овозможат намалување на емисиите на стакленички гасови до 2030-та година за 50 до 52 отсто од нивото од 2005 година. 
 
Џо Бајден го претстави планот како резултат на долгите преговори во рамките на струите во Демократската партија и објасни дека „никој не добил се што сакал, па ни самиот јас“. 
 
Износот на социјалниот и еколошки акционен план наречен „Build Back Better“ е преполовен во однос на неговите првични амбиции и изнесува 1750 милијарди долари. 
 
Со новиот план, заедно со веќе потврдениот инфраструктурен план, „ние навистина ќе ја трансформираме нашата нација“, заклучи Бајден. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во предвечeрието на официјалното отворање: Ист Гејт Мол искажа благодарност на соработниците и партнерите

Следно

Шилегов од Карпош: Скопје конечно не е партиско, туку на граѓаните – да не се враќаме во стравот и немирот од пред 2017 година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian