Арсовска вети дека ќе се откаже од статусот почесен конзул на Унгарија и од претседателското место во ССК, за да ја извршува градоначалничката функција

1 min read

Опозициската кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, во своето гостување на Канал 5, вечерва изјави дека е подготвена да се откаже од статусот конзул на Унгарија, како и од функцијата претседател на Сојузот на стопански комори, за да ѝ се посвети на градоначалничката функција.

Арсовска рече дека ќе се откаже од нејзините функции бидејќи, како што кажа, „единствената намера што ја има во следниот период е да биде претставник на сите скопјани во градот Скопје“.

Таа изрази увереност дека „Скопје е почеток на промените во цела Македонија“.

„Имаме решенија за Скопје, план како да го направиме Скопје модерна европска метропола со чисти улици, со непречен сообраќај, со паркови и зеленило, со чист воздух за нашите деца – ете тоа сакаат да го видат скопјани, а не лажна пропаганда и лажни вести, рече Арсовска на завршниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, додавајќи дека на граѓаните им е „доста од лаги и политичари како Зоран Заев и Петре Шилегов“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нова катастрофа за животната средина: 300 мртви желки на плажите во Мексико

Следно

ФОТО: „Хаос на Камп Ноу“ – карикатура која можеби најдобро ја отсликува ситуацијата во Барса!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian