Животот на Ким Ил-Сунг, човекот кој владеел пола век со Северна Кореја

5 mins read

Во средината на 20-иот век, професорот Ким Хјун Сук појадувал со човек кој потоа дошол на чело на Северна Кореја во наредните речиси 50 години.  

Ким Ил Сунг бил првиот владетел на Северна Кореја и првиот од династијата Ким кој владеел со оваа земја повеќе од седум децении.  

Бројни прашања за младоста на Ким Ил Сунг и неговата династија останале неодговорени, пишува Би-Би-Си.  

Професорот Ким Хјун Сук, кој има 102 години и долго време живее во егзил во Јужна Кореја, се сеќава на своето детство кога го запознал „таткото основач“.  

„Во Северна Кореја го сметаат за најголем лидер на сите времиња. Тој е како вечна светлина. Американските империјалисти и предавници го поделија нашиот народ“ вели Сук. 

Ким Ил-Сунг, големиот лидер на Северна Кореја и неговиот син и наследник/ Фото EPA/HOW HWEE YOUNG

Срцето на нацијата 

„Тој е срцето на династијата Ким. Историјата на Северна Кореја започнува со Ким Ил Сунг“, изјави професорот Ким Хјун Сук. 

Професорот раскажал како го запознал легендарниот лидер. 

„Пред повеќе од 70 години, кога првпат го запознав Ким Ил Сунг, имав 25 години. Пред тоа го знаевме по неговото вистинско име, Ким Сонг Жо“, вели Ким Хјун Сук. 

По 40 години јапонска доминација, Кореја се вратила на патот на независноста. Јапонската окупација завршила по Втората светска војна.  

„Кога беше ослободена Кореја во 1945 година, Ким Ил Сунг имаше 30 години. Родени сме во исто маало и одевме во исто основно училиште. Како дете, Ким Ил Сунг бил висок. Постарите ученици во училиштето ми кажаа дека тој секогаш бил капитен на фудбалскиот тим“, вели професорот и додаде дека Ким бил дете кое сакало да дава наредби и да им кажува на другите деца што да прават.

Ким Ил-Сунг, големиот лидер на Северна Кореја/ Фото EPA/HOW HWEE YOUNG

Владеењето на Јапонија 

Семејството на Ким се преселило во Кина за време на владеењето на Јапонија. Тој таму станал комунист во егзил и се приклучил на движењето на отпорот против Јапонија.  

„Ким ги замоли старешините од нашето село да го примат назад по војната. На селаните им беше познато неговото име од детството – Сонг Жо“, вели Сук.  

Како што раскажува професорот, тој бил поканет и на прославата за враќањето на Ким, а за време на појадокот го прашал што им носи иднината кога Кореја ќе биде ослободена од јапонската власт. На тоа тој му одговорил, како што истакнува професорот, дека прво мора да се отстранат соработниците на јапонската влада, а потоа да се национализира државата и на крајот државата да се раководи како што е потребно.  

Војната на Северна Кореја против Јапонија/NORTH KOREA PICTURE LIBRARY / ALAMY / PROFIMEDIA

Човек со волја, не со знаење 

„Тој беше човек со волја, а не човек со знаење. Имаше јасни цели и амбиции“, рече Сук.  

За време на окупацијата, се бореле герилски движења против Јапонците, а битките ги водел токму Ким Ил Сунг.  

„Дваесет дена по нашата средба со Сонг Жо, во Пјонгјанг се одржа церемонија за добредојде на генералот Ким Ил Сунг. Слушнав од оние кои беа на церемонијата дека тоа е Сонг Жо од нашето село, а не Ким Ил Сунг“, вели Ким Хјун Сук.  

Како што раскажа тој, обичните граѓани биле сомнителни и очекувале Ким Ил Сунг да има 50-тина години, како секој искусен ветеран.  

„Тогаш сфатив дека комунистите го избраа додека беше во егзил и му го дадоа името Ким Ил Сунг. Сè што Ким зборуваше на појадок стана реалност“, додаде тој.  

Според професорот, тоа било време на хаос, комунистичката партија цветала, а антикомунистите биле отстранети. 

„До пролетта 1947 година, се плашев дека ќе завршам во затвор ако останам во земјата“, рече тој.  

Професорот Ким избегал од Северна Кореја во август 1947 година, три години пред Корејската војна. Ким Ил Сунг владеел со „железната тупаница“ речиси 50 години, а неговиот син и внук го продолжија репресивниот режим.  

Професорот Ким сега има 102 години и продолжува да предава општествени науки во Јужна Кореја. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Ова е Јана, идната снаа на Ѓорге Иванов: Синот на поранешниот претседател најави традиционална свадба

Следно

Весникот „24 часа“ објави дека Арсовска нема бугарска лична карта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian