Во САД издаден првиот пасош на кој родот е истакнат како X

2 mins read

Соединетите Држави објавија дека го издале својот прв пасош „Х“ на лице кое не се препознава себеси во традиционалниот „машки“ или „женски“ избор, во согласност со ветувањето на претседателот Џо Бајден дека повеќе ќе ги земе предвид правата на сексуалните малцинства, пренесува Гардијан.  

„Ознаката Х е за небинарниот род, за интерсексуалните луѓе и за сите оние кои не можат да се идентификуваат според родовите критериуми предложени досега. Новата можност ќе им биде понудена на сите апликанти за издавање пасоши од почетокот на 2022 година“, рече портпаролот на Бајден, Нед Прајс, истакнувајќи ја посветеноста на американската дипломатија за „промовирање на слободите, достоинството и еднаквоста на сите луѓе“.   

Опуштени правила  

Најмалку уште единаесет земји во светот, вклучувајќи ги Канада, Германија и Аргентина, но исто така и Индија и Пакистан, нудат опција за избор на „Х“ или „друго“ во нивните пасоши. 

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги олесни правилата уште во јуни, кога им дозволи на американските граѓани сами да го изберат својот пол во дадените делови во нивните пасоши.  

Претходно, лицата кои сакале да внесат род кој не одговара на податоците запишани во матичните книги на родени морале да достават лекарско уверение.  

Одбрана на правата на сексуалните малцинства  

Демократот Џо Бајден најави дека негов приоритет ќе биде да ги брани правата на сексуалните малцинства во светот и се ангажираше на ова прашање повеќе од кој било од неговите претходници, особено во споредба со Доналд Трамп.  

Додека државен секретар на Трамп беше Мајк Помпео, на амбасадите на САД им беше строго забрането да истакнуваат знамиња во боја на виножито и слични симболи на ЛГБТИ заедницата. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ограбени мигранти од Пакистан

Следно

Димитров: Важно е ЕУ да ја направи победничка проевропската опција во регионот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian