ВИДЕО: Траект со 17 камиони потонал во Бангладеш

1 min read

Траектот Аманат Шах, кој превезувал 17 камиони и 16 мотоцикли, но и неколку патници, денеска потонал во реката Патма во областа Маникгањ во Бангладеш. Несреќата се случила околу 10 часот откако траектот паркирал на Терминалот 5, а на Јутјуб каналот на дневниот весник Дака Трибјун е објавено драматичното видео. 
 
Зилур Рахман, заменик директор на Националниот инспекторат задолжен за речен сообраќај (BIWTA), за новинарите изјави дека траектот потонал веднаш откако неколку камиони успеале да излезат од него. 

Според досегашните информации, во несреќата нема жртви и сите патници успеале да испливаат до брегот. 
 
Еден од возачите кој успеал да го однесе својот камион на безбедно само неколку секунди пред да потоне, изјавил дека само два други камиони го направиле истото. 
 
Шафикул Ислам, капетан на траектот изграден во 1980-тите, рече дека често се расипувал, но пред неколку месеци на него бил извршен голем сервис. 
 
Меѓутоа, на траектот неодамна била откриена дупка, па веднаш по поместувањето од пристаништето Даулатдија било утврдено дека во бродот продира вода. 
 

„Кога сфатив што се случува, веќе беше доцна“, рече Шафикул Ислам. 
 

Набргу по несреќата, започнала операцијата за извлекување на потонатите возила и траект во кој учествувале пожарникари од главниот град на Бангладеш, Дака. 
 
Официјални лица не се сигурни дали ќе успеат да го извлечат бродот тежок 400 тони од дното на реката. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Ким на квадрат: Кардашијан со нова соработка, а најзгодниот амбасадор е Хајди Клум

Следно

ВИДЕО: Историски дебакл на Баерн во Купот на Германија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian