ВИДЕО: Тепачка среде миса, маж во физичка пресметка со верниците

1 min read

Вирално видео кое излезе на социјалните мрежи покажува како маж ја прекинува неделната миса во црквата Свети Францис Кабрини во Лејквуд, а  потоа влегува во физички конфликт со останатите присутни.  

Поручник на полицискиот оддел Лејквуд изјави дека инцидентот се случил на 24 октомври, нешто пред пладне. Истиот ден човекот бил уапсен.  

Свештеникот на црквата, отец Пол Брунет, напиша писмо до верниците во кое го објасни инцидентот.  

„Настаните кои доведоа до овој немил инцидент започнаа минатиот месец. Парохијата и училиштето немаа друг избор освен да побараат забрана за задржување од полицискиот оддел Лејквуд. Тој ја игнорираше оваа наредба и вчера се појави на мисата. Безбедноста на децата, верниците и персоналот е приоритет. Парохијата и училиштето тесно соработуваат со полицијата на Лејквуд, обвинителот на градот Лејквуд и приватното обезбедување за одржување дополнителни мерки на претпазливост. Ве молам, придружете ми се во молитвата за сите кои беа вклучени во овој инцидент или беа сведоци на овој инцидент и бидете уверени во моите молитви за сите вас“ пишува во соопштението. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

АСТРО СОВЕТИ: Како да ја усогласите личноста со стилот за да бидете неодоливи

Следно

Ако Орбан падне од власт напролет, Груевски ќе го вратат дома

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian