ВИДЕО: Шоу на Дончиќ, Јокиќ се повреди и Денвер загуби

3 mins read

Денвер нагетс го доживеа вториот пораз по ред откако од нив беше подобар тимот на Јута џез со 122:110. Голем удел во поразот имаше и повредата на најдобриот играч на Денвер, Никола Јокиќ кој кон крајот на првото полувреме го повреди коленото.

Јокиќ се повреди по судирот со Руди Гобер. Кошаркарите на Јута го искористија неиграњето на Јокиќ во последната четвртина кога направија двоцифрена предност (110:97) и не ја испуштија до крајот на натпреварот.
– Немав можност да зборувам со лекарскиот тим, но изгледа дека не е ништо сериозно – изјави тренерот на Денвер, Мајк Мелоун.

 

Србинот за 15 минути поминати на теренот постигна 24 поени и имаше по шест скокови и асистенции и повторно имаше најдобар учинок во својот тим.
Кај Јута се истакнаа Руди Гобер со 23 поени и 16 скокови и Донован Мичел со 22 поени.

Во дербито на Тексас, Далас со 116:106 го совлада Хјустон благодарение на одличната игра на Лука Дончиќ и Бобан Марјановиќ.
Во првиот натпревар на Далас на домашен терен, блескаше Лука Дончиќ со 26 поени, 14 скокови и седум асистенции, а одличен беше и Марјановиќ со 11 поени за само девет минути. На спротивната страна, Ерик Гордон постигна 22 поени.

 

Голден Стејт ја оствари четвртата победа во четвртиот натпревар и тоа против Оклахома сити славејќи со 106:98. Интересно е што Голден Стејт стана втората екипа во историјата на НБА лигата која има четири победи на стартот од сезоната иако на полувремето беше во негатива. Претходно, ваков подвиг оствари единствено ЛА Клиперс во сезоната 1985/86.
Вообичаено прво име беше Стеф Кари со 23 поени, а Ендрју Вигинс постигна 21 поен, додека кај Оклахома сити се истакна Шеј Александер со 30 постигнати поени.

 

ЛА Лејкерс по двата порази по ред на стартот, утринава ја оствари втората победа, „езерцата“ по продолжението со 125:121 го победија Сан Антонио и тоа без Леброн Џејмс кој е повреден.
Сан Антонио во последната четвртина влезе во предност од 87:97, но на почетокот од последната минута Монк им носи предност на Лејкерси од 114:112. Натпреварот во продолжението го однесе Бејтс-Диоп со поените на 32 секунди до крајот. Во дополнителните пет минути, тимот од Лос Анџелес беше подобар и со поените на Дејвис и на Вестбрук ја потврди победата. Ентони Дејвис имаше дабл-дабл од 35 поени и 17 скокови, додека Расел Весбтук постигна 22 поени и 10 скокови.

Резултати:
Њујорк – Филаделфија 112:99
Оклахома сити – Голден Стејт 98:106
Далас – Хјустон 116:106
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 121:125
Јута – Денвер 122:110

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Свилановиќ: Билатералното недоразбирање да не се користи за стопирање на евроинтеграцијата

Следно

ВИДЕО | Aндоновиќ: Затишје пред бура или бура пред затишје? Омекнување на тврдите ставови на балканските лидери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian