ВИДЕО: Историски дебакл на Баерн во Купот на Германија

1 min read

Фудбалерите на Баерн Минхен го претрпеа еден од најтешките потези во својата клупска историја, во рамките од 1/16 финалето во Купот на Германија се елиминирани на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах со дури 5:0.

Коне уште во втората минута ја започна гол-серијата на домаќините, а по двапати во листата на стрелците се запишаа Бенсебаини и Емболи за невиден дебакл на баварскиот клуб.

Последен пат „петарда“ во мрежата на Баерн се случи далечната 1978 година против Кајзерслаутерн, а две години порано го имаше најтешкиот пораз против Шалке (0:7).

Изненадување приреди и Карлсруе кој како гостин со 1:2 го елиминираше Баер Леверкузен.

Пласман во следната фаза обезбедија уште Бохум, Унион Берлин, Ст. Паули, Хановер, Ханза Росток и Келн.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Траект со 17 камиони потонал во Бангладеш

Следно

Официјално: Куман не е повеќе тренер на Барселона

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian