Скопје станува зелен град збогатен со нови дрвореди и садници

3 mins read

Во речиси секој поголем европски град, една од најзначајните улоги за одржување и зголемување на урбаниот биодиверзитет ја играат крошните на дрвата засадени во градот. Во тие крошни домови градат десетици различни видови на птици, но она што е уште поважно е дека и само едно дрво засадено покрај улица или булевар годишно може да апсорбира 150 килограми јаглерод диоксид, а истовремено да создаде доволно кислород за од него годишно да дишат дури десет луѓе.

Во градови каде населеноста е погуста од вообичаено, или пак загадувањето се движи над дозволените граници што влијае просечното ниво на кислород да биде и до 6% пониско од потребното, овие дрвја се тивките зелени херои на градот. Токму затоа е клучно секој поголем град секојдневно да внимава на одржувањето на зеленилото, затоа што тоа тивко и континуирано го подобрува квалитетот на воздухот кој го дише населението.

Во минатото, Скопје имаше многу зеленило, од фрекфентните улици до градскиот плоштад, градот дишеше чист воздух благодарејќи на многуте крошни во него. Но последната деценија, како резултат на низа различни околности, Скопје загуби многу од своето зеленило, бројот на дрва се намали и бетонот и мермерот почнаа да владеат.

За поздравување е фактот дека во последните години оваа слика се менува. Скопје повторно почнува да се збогатува со зелени површини, во голем делкако резултат на многуте нови дрвореди поставени на најголемиот дел од фрекфентните скопски булевари и улици.

Интересна споредба е и во височината и просечниот обем на садници. За разлика од 2016, кога просечната височина на садник беше 3.5 метри, садниците засадени во 2020 година во просек се високи 5.5 метри, со значително поголеми крошни чии сенки ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци и овозможување на попријатни услови за прошетки низ градот.

Дополнително, просечниот обем на садник во 2016 година изнесуваше 12 см. Тоа значи дека биле засадувани млади садници со неоформено стебло и крошна, носејќи голем ризик дека многу од нив нема да успеат да преживеат, што и се случи.

За разлика од тогаш, според последните мерења, просечниот обем на садник во 2020 година е 24 см, односно се засадуваат садници со веќе оформено стебло и речиси комплетно оформена крошна.

Нивните шанси да опстојат се многу поголеми, а дополнително веднаш се постигнува и саканиот позитивен ефект врз природната средина како и здравјето на граѓаните.

Анализите и статистиките покажуваат дека Скопје се движи во добра насока и доколку се задржи овој тренд на негување на зеленилото и новите скопски дрвореди, Скопје можеби наскоро пак ќе дише далеку почист воздух.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО | Адел ги објави датумите на своите први концерти за 2022

Следно

Бизарна причина за брачна кавга: Го убила мажот поради полнач за телефон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian