Протекоа резултатите од гласањето: Левандовски ќе ја освои Златната топка пред Меси, Роналдо е дури деветти?

1 min read

Во јавноста се појави список со 30 имиња кои се кандидати за наградата Златна топка на според кој напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски освои највеќе гласови.

Доколку оваа информација се покаже како вистинита, Левандовски за прв пат би ја освоил престижната награда пред Лионел Меси и Карим Бензема.
Според „Мундо Депортиво“, Левандовски добил 627 гласови.

Меѓу најдобрите пет фудбалери покрај Левандовски, Меси и Бензема се наоѓаат уште и Мохамед Салах од Ливерпул и Жоргињо од Челси кој летово со „сините“ триумфира во Лигата на шампионите, додека со репрезентацијата на Италија победи на Европското првенство.

Интересно е што Кристијано Роналдо кој летово се врати во Манчестер јунајтед заврши дури на деветтото место, а пред него се наоѓаат Килијан Мбапе, Нголо Канте, Ерлинг Халанд, додека Кевин де Брујне е десетти.

Добитникот на Златната топка официјално ќе биде прогласен за нешто повеќе од еден месец, поточно на 29. ноември.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Георгиески: Пецаков гази врз природата и сите правни норми, сака да ги одземе плажите од граѓаните и да ги врати во рацете на профитери

Следно

ФОТО | Објавена последната фотографија од Халина Хачинс, трагично загинатата снимателка на филмот „Р’ѓа“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian