Новиот градоначалник на Кисела Вода, Ѓорѓиевски, најави ревизија на четиригодишното работење на општината

1 min read

Новоизбраниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓоѓиевски и официјално го зпаочна својот градоначалнички мандат. 

-Од денес Кисела Вода почнува со работа, од денес, моите сограѓани добиваат свој човек во општината.Како што се обврзав и во кампањата, мојата канцеларија ќе биде отворена секој ден, за секој од вас. Ќе ги решиме сите Ваши проблеми заеднички, а Кисела Вода ќе ја изградиме онака како што доликува, општина за сите луѓе, општина од 21.век, рече Ѓоѓиевски. 

-Денес го превземав раководењето со општината, а на општинската администрација сакам да и порачам дека јас нема да се реванширам и одмаздувам, јас сум градоначалник на сите жители на Кисела Вода, но ќе барам од администрацијата кон секој граѓанин да се однесува со почит и уважување, порача тој. 

Ѓорѓиевски најави и ревизија на четиригодишното работење на општината, и како што рече, онаму каде што имало пропусти ќе се погрижи да бидат расветлени. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Рецензија: Бурно патување од Москва до Сибир во „Compartment Number 6“

Следно

Вакцина или отказ: 120.000 работници мораа да изберат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian