Левица преку соопштение ги повика партиските членови да гласаат по сопствено убедување во вториот круг од локалните избори, со напомена дека „општокорисно е да се следи антивладиното расположение“.
„Во поглед на гласањето за градоначалници во вториот изборен круг, упатуваме на разумот и совеста на нашите членови, поддржувачи и симпатизери – истите да гласаат по сопствено убедување. Во овој момент општокорисно е да се следи бранот на антивладиното настроение на народната волја, против погубните политики на квислингот Заев и корумпираните структури на ДУИ, кои ја имаат окупирано секоја пора на општеството, за конечна детронизација на нивните мафијашко-криминални клики во заминување“, соопшти Левица.
Од партијата додаваат дека „имаат склучено само коалиција со народот и со граѓаните и затоа одбиваат каква било формална коалиција со кој било друг политички субјект“.