Комедија на фудбалски меч, екипа патуваше 242 километри само поради еден пенал

1 min read

Неверојатни случувања на еден фудбалски натпревар во Грузија, еден од тимовите мораше да се враќа назад поради судиска одлука.

Дуелот помеѓу четвртолигашите Маргвети и Бетлеми имаа бизарна завршница. Оваа средба беше прекината во 93 минута кога главниот судија досуди пенал за домаќините.

Тогаш дојде до хаос на теренот, а луѓето од Бетлеми беа лути поради сомнителната одлука. Поради тоа арбитарот одлучи мечот да не продолжи.

Неколку дена подоцна следуваше одлука дека играчите на Бетлеми мора да се вратат и да поминат 242 километри назад поради тој пенал.

Тоа го направија и за нивна среќа фудбалерот на Маргвети не реализираше ударот од белата точка.

Ако ништо друго се вратија назад, нови 242 километри, со три бода и победа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ако Орбан падне од власт напролет, Груевски ќе го вратат дома

Следно

ФОТО | Ким на квадрат: Кардашијан со нова соработка, а најзгодниот амбасадор е Хајди Клум

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian