ФОТО | Арсовска од Топанско Поле: Решавање на постоечките проблеми и создавање услови за нормален живот

1 min read

Неасфалтирани улици, лош пристап до своите домови, немање доволен број паркинг места, недоправени паркови се дел од проблемите со кои се соочуваат жителите на скопската населба Топанско Поле во општина Чаир, кои ги претставија на денешната средба пред независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска.

– Населбата Топанско Поле се наоѓа во близина на централното градско подрачје, а граѓаните секојдневно се соочуваат со многу проблеми, како неасфалтирани улици. За мене е неприфатливо во сите делови на Скопје да нема еднакви услови за живот и за развој. Треба да направиме сè што е возможно да имаат услови за квалитетен живот во главниот град. Уште од прв ден ќе работам на решавање на сите овие проблеми со брзи и ефикасни решенија кои ќе значат конечно надминување на затекнатите состојби. Нема да има заборавени населби во Скопје, истакна Арсовска на средбата со граѓани во Топанско Поле.

Таа додаде и дека за разлика од делумните решенија кои ги оставила локалната власт во заминување, таа нуди целосни решенија, како брзо и ефикасно сообраќајно решение кое ќе ги поврзува општините Чаир, Бутел и Центар, решавање на проблемот со паркинг места, изградба на нови катни гаражи и паркиралишта и тоа кај Чаирчанка, амбулантата во Чаир и Топанско Поле.

Во општина Чаир според програмата на Арсовска ќе биде еден од петте мега-паркови во градот, по примерот на Градскиот парк во Скопје.

Фото: Фејсбук, Данела Арсовска

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Поради бура во сојузната држава Масачусетс 466.000 домаќинства останаа без струја

Следно

Проститутка ограбила фудбалер на ПСЖ на семафор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian