Бизарна причина за брачна кавга: Го убила мажот поради полнач за телефон

1 min read

Шеесет и шест годишната Пенелопи Џексон го убила сопругот (78) со нож, во нивниот стан во градот Сорест.

Откако го избола со нож Пенелопе повикала брза помош.Додека доаѓала екипата во нивниот дом во обид да се спаси избодениот маж таа била контактирана од лекар кој требал да и даде сугестии како да го одржи во живот повредениот  додека не дојде медицинската екипа.

Она што ги шокирало ллекарите бил нејзиниот одговорна прашањето што му се случило

– Мислев дека му го скршив срцето, но го нема. Го избодов до смрт, се надевам дека е мртов бидејќи  тоа го заслужи – рекла Пенелопе.

Според сведоците, двојката се скарала за полначот за Ај пад ( iPad). Уредите им биле празни и не можеле да се договорат кој прв ќе ги наполни.

Разговорот со лекарите траел 18 минути. Лекарите ја замолиле Пенелопе да му помогне на нејзиниот сопруг, но таа одговорила:

Лекарите можат да му помогнат, а јас не можам“, ладно им одговорила на лекарите.

При апсењето Пенелопе ја признала вината но во ниту еден момент не се покајала за убиството

– Заслужи се што му се случи! Знам што направив, и ако не го направив ова како што треба, ќе бев многу лута ! -изјавила Пенелопе.

Ова е четврти сопруг на Пенелопе, а таа е негова трета сопруга. Тие се венчаа во 1996 година и имаат ќерка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопје станува зелен град збогатен со нови дрвореди и садници

Следно

ВИДЕО | Дечков: Социјалните мрежи предизвикуваат двојна виктимизација на жртви на насилство

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian