Збирката археолошки предмети од Крим да се врати на Украина, одлучи Апелацискиот суд во Амстердам

1 min read
Апелацискиот суд во Амстердам денеска одлучи да и ја врати на Украина колекцијата археолошки предмети што Крим му ги позајми на музејот во Амстердам непосредно пред Русија да го анектира во 2014 година.
„Апелацискиот суд во Амстердам му наложи на музејот ‘Алард Пирсон’ да го предаде богатството на Крим на украинската држава”, објавија судиите.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави „долго очекуваната победа” по одлуката на холандскиот суд.

Поставката на бронзени мечеви, златни шлемови и други антиквитети се претвори во дипломатски спор, бидејќи експонатите пристигнаа од Крим додека тој беше дел од Украина.

Откако Русија го анектираше Крим, и Украина и Русија бараа предмети од изложбата „Крим – злато и тајните на Црното море”.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Роденденска крводарителска акција во Карпош

Следно

МЗ: За една недела починале 124 лица со ковид-19, 97 од нив биле невакцинирани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian