ВИДЕО: Судиите се виновни за извршениот масакр врз ФК Пелистер!

2 mins read

После 11 кола одиграни во Првата македонска лига, фудбалскиот клуб на Пелистер е единствениот без победа во оваа сезона.

Денеска ФК Пелистер објави соопштение пред јавноста во кое се вели дека судиските одлуки во текот на натпреварите негативно влијаеле врз конечниот исход на битолската екипа.

Во продолжение целото соопштение на ФК Пелистер:

– Почитувани,

ФК ПЕЛИСТЕР реагира и го нагласува нерамномерниот критериум на судиите на натпреварите од првите единаесет кола на Првата Македонска фудбалска лига. Многуте погрешни одлуки на штета на нашиот клуб директно влијаат на конечниот исход на натпреварите а со тоа и на позицијата на табелата на екипите во првенството.

Сакаме да го издвоиме последниот случај и арбитражата на судијата Јован Качевски на вчерашниот натпревар во Битола, кој наместо да биде казнет заради своите одлуки, истиот е награден со позитивна оценка од страна на контролорот Ванчо Костенчев. Видео материјалот во прилог ја потврдува (не)исправноста на неговите одлуки на вчерашниот натпревар.

Затоа, бараме од Судиската комисија да се преиспита делегирањето како на судиите, така и на контролорите кои што ги оценуваат судиите, и во понатамошниот тек од првенството да се делегираат судии кои што се способни мирно, правилно и непристрасно да одлучуваат и во најкомплицираните ситуации.

Во прилог на соопштението се неколку видеа од натпреварите во првиот круг каде што судиите со нивните погрешни одлуки директно влијаеа на конечниот резултат на натпреварот.

И за крај, нашиот клуб ќе игра чесно до крајот на првенството за разлика на некои екипи кои играат на друг начин. Ние сме свесни дека треба да преземиме чекори за да го подигниме квалитетот на екипата и ќе се потрудиме да ги корегираме организациските грешки од наша страна, но нема да дозволиме луѓето во црно и нивните контролори и понатаму да му наштетуваат на клубот затоа што ФК ПЕЛИСТЕР е бренд – стои во соопштението на ФК ПЕЛИСТЕР АД Битола, Одбор на директори.








www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев од Шуто Оризари: Да се обединиме и да гласаме за број 12, за Ферат Асан и Петре Шилегов

Следно

Брнабиќ: Членството во ЕУ е стратешка цел, важен сигнал за другите земји на Балканот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian