ВИДЕО: Ова не се гледа секој ден – Мурињо и исклучен направи шоу на „Олимпико“!

1 min read

Наполи се врати на врвот на табелата, но овојпат има ист број на бодови како Милан во италијанската Серија А. Двете екипи досега остварија по осум победи и едно реми, со тоа што „наполитанците“ имаат подобро гол-разлика.

Во рамките од деветтото коло во најсилното италијанско првенство без голови (0:0) ремизираа Рома и Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Мируваа мрежите на стадионот „Олимпико“ во Рим, но имаше два црвени картони кои ги добија тренерите на двата тима, Жозе Мурињо кај Рома и Лучано Спалети кај Наполи.

Во второто полувреме клупата на Рома предвреме мораше да ја напушти Мурињо кој доби црвен картон поради приговор кон судиите.

Но, „Специјалниот“ секогаш знаел да го привлече вниманието на јавноста, така и овојпат. На својот Инстаграм профил објави видео на тоа како е качен на ограда и викаше на теренот каде што беа играчите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СНИМКИ ОД ДРОН од пожарот во Градски парк: До темел изгореа бараките на Судот за прекршоци

Следно

Апсењата не го разјаснија свирепото тројно убиство во Србија – петмина осомничени и многу мистерии

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian