ВИДЕО: Арсенал четвртфиналист во Лига купот, пеналите среќни за Челси и Сандерленд

1 min read

Вечерва ги дознавме првите патници во четвртфиналната фаза на англискиот Лига куп, тие се екипите на Арсенал, Челси и Сандерленд.

Составот на Микел Артета на стадионот „Емирати“ во Лондон со 2:0 во осминафиналето го елиминираше Лидс. Стрелци на головите беа Чемберс во 55 минута по додавањето на Пепе, и Нкетиа во 69 минута.

Челси потешко од очекувањата славеше против Саутемптон, пред крајот на првото полувреме Хаверц донесе предност за лондонските „сини“.

На стартот од вториот дел израмнија гостите на „Стемфорд Бриџ“ стадионот во Лондон преку Адамс. Победникот го дознавме во пенал серијата во која Челси беше подобар со 4:3. Кај домаќините непрецизен беше Маунт, а на спротивната страна своите удари од белата точка не ги реализираа Волкот и Смолбон.

Исто така пеналите беа среќни и за Сандерленд кој како гостин со 3:0 од натпреварувањето го исфрли КПР, а мрежите мируваа во регуларните 90 минути.

Преостанатите пет осминафинални мечеви ќе се одиграат в среда (27 октомври): Стоук сити – Брентфорд, Вест хем – Манчестер сити, Лестер сити – Брајтон, Барнли – Тотенхем и Престон – Ливерпул.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Како за три дена од ковид згасна животот на 22-годишно момче од Битола: Баравме лекари за да стават вода во апаратот за кислород за да може да ја поминe ноќта

Следно

Гвинет Полтроу со болно признание за пораѓањето со своето прво дете: „Можевме и двете да го загубиме животот“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian