Состанок на Советот за безбедност на ОН за Судан

1 min read
Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за денеска закажа итен состанок за државниот удар во Судан. Дипломатски извори доцна синоќа објавија дека консултации побарале САД, Велика Британија, Франција, Ирска, Норвешка и Естонија.
Средбата е закажана за 16 часот по локално време.

Суданската армија вчера ја презеде власта во земјата, го уапси премиерот и неколку министри и ја распушти преодната влада.

Илјадници луѓе излегоа на улиците за да протестираат против државниот удар. Армијата отвори оган врз демонстрантите при што загинаа две лица, а 80 беа повредени.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 26 октомври: Слушајте ја својата интуиција, една навидум банална идеја може да биде добиток за вас

Следно

ВИДЕО | Ивановска: Не сакаме ДКСК да се злоупотребува за политички цели

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian