Скопјани 40 години зборуваат за транспортно решение како БРТ-системот, вели Шилегов

1 min read

„Системот за јавен транспорт на Скопје е систем кој секогаш имал потреба да биде дотиран од различни извори и Градот никогаш не бил сам способен да го финансира, па затоа ни беше важно БРТ системот за јавен транспорт да биде самоодржлив“, рече актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат на СДСМ Петре Шилегов, во вечерашното гостување на телевизија Телма.

Според него, со овој систем за транспорт, градот веќе нема да зависи од блок-дотациите на Владата, бидејќи пресметките на Градот покажале дека системот ќе биде самоодржлив.

„Возниот парк во БРТ-системот е полуелектричен и половина на хибриден гас, а во моментов се скапи оние автобуси кои се само електрични. Организиран систем за транспорт досега во Скопје немавме и важно ни е на граѓаните да им понудиме ефикасен систем,“ рече Шилегов.

Тој додаде дека „она за што 40 години се зборувало меѓу скопјани, оваа администрација го сработува“, како и оти потврдиле дека со воспоставувањето на БРТ-системот нема да се сече зеленилото на булеварите. Во самата кредитна линија се предвидени 280 илјади евра за дислокација и размножување на зеленилото, рече Шилегов.

-Најзелениот проект за урбан транспорт, според ЕБРД, е проектот на Град Скопје, додаде тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Колку всушност Американци останаа во Авганистан? Белата куќа тврди едно, Пентагон друго

Следно

Лига Европа: Е. Пелистер од „минус осум“ до важен бод во Швајцарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian